Белингем казнет со 40 илјади евра поради изјавите за судијата Цвајер

Џад Белингем, младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, ја доби казната по повод изјавите по дербито со Баерн Минхен, кога „распука“ против судијата Феликс Цвајер.

Англискиот репрезентативец после мечот рече: „А, што очекувате кога на дерби е делегиран судија кој е обвинет за местење натпревари“.

Белингем ќе мора да плати 40 илјади евра за таа негова измена, а не доби ниту еден меч суспензија, иако се шпекулираше дека неколку натпревари ќе биде на „ладење“.

Се вчитува...