Италијанскиот првак Јувентус остана без услугите на играчот за врска Федерико Бернардески. Тој го повредил мускулот на десната нога и според првичните лекарски прегледи ќе мора да паузира околу дваесетина дена. Тоа значи дека тренерот Масимилијано Алегри на него нема да може да смета зa последните два меча во 2018 година, против Аталанта на гости в среда, и против Сампдорија на 29 декември во Торино.
Бернардески би требало да биде комплетно опоравен по кусата зимска пауза која следува во Серија А. Јувентус првиот меч во 2019 година ќе го одигра на 21.јануари против Киево на домашен терен.
За очекување е Алегри против Аталанта да направи неколку рокади во тимот во однос на последното коло со Рома, па шанса во нападот ќе добие Даглас Коста на местото на Дибала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА