По тешкиот пораз од Англија на „Рујевица“, хрватската репрезентација ја очекува дуел со моќните Шпанци на „Пољуд“. Притисокот во таборот на „коцкестите“ е на врвот, а судбината на селекторот е директно во рацете на Лука Модриќ и неговите соиграчи.
Како што дознаваат „Спортске новости“ од извори блиски до ХНС и соблекувалната на репрезентацијата, во тимот владее голема загриженост, но и одредена извесност,доколку се случи уште еден тежок дебакл против Шпанија, Славен Билиќ сам ќе поднесе оставка.
Билиќ не се врати на клупата на „коцкестите“ поради пари или договор, туку со визија да изгради тим за Европското првенство. Сепак, тој многу емотивно ги доживува актуелните превирања и кризата во Лигата на нации. Ако Хрватска повторно претрпи тежок пораз со разлика од пет или повеќе голови, селекторот нема да се крие зад договорот, туку ќе се заблагодари за укажаната доверба.
Доколку се оствари такво сценарио, Билиќ би го имал најкраткиот тренерски мандат во историјата на хрватската репрезентација од 1994 година наваму, со само четири натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
