Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во главниот турнир на Челинџерот кој се игра во италијанскиот Палермо.
Во финалето од квалификациите го победи домашниот претставник и прв носител Фредерико Арнаболд со 2-0, по сетови 6-4 и 7-6(8-6).
Откако ќе бидат завршени сите мечеви во квалификациите Ивановски ќе го дознае првиот противник во главниот ждреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
