Битка за плејоф: Четири екипи бркаат две места, Пелистер и МЗТ ќе се борат за „котата 1“

По пет одиграни кола во Суперлигата познати се само два патника во разигрувањето за титула. Тоа се Пелистер и МЗТ Скопје кои благодарение на одличниот регуларен дел од сезоната ја надминаа границата од дваесет остварени победи и го осигураа своето место во битката за титула.

Сепак останува интересно да ја проследиме битката за предност на домашен терен помеѓу овие две екипи со оглед на тоа што со победата на „сино-белите“ во вчерашното дерби сега АБА-лигашите се изедначени на врвот на табелата со скор 23-4.

Останатите четири тима утре ја продолжуваат битката за место помеѓу најдобрите четири екипи во првенството со максимална изедначеност. Блага предност има Еуро Никел кој со скор од 16-11 го завзема 3. место на табелата, а зад кавадарчани следат Гостивар и ТФТ со идентичен скор од 15 победи и 12 порази. Тука е и новлијата Феникс 2010 кој со триумфот против вицешампионот стигна до 14. победа во сезоната и ги закомпликува работите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Шестото коло од Суперлигата започнува во Битола со дуелот помеѓу Пелистер и Феникс 2010, а ќе продолжи во „Младост“ и „Јане Сандански“ каде силите ќе си ги одмерат Гостивар и Еуро Никел, односно МЗТ Скопје и ТФТ.

Се вчитува...