Битката за титулата во домашниот одбојкарски шампионат станува повеќе интересна откако Пробиштип го доживеа првиот пораз сезона, и тоа токму од директниот конкурент за трофејот, ОК Струмица во дерби пресметката која се играше во Пробиштип.
Одбојкарите на Струмица на гостувањето против Пробиштип ВА славеа со убедливи 0-3, и тоа 17-25, 19-25, 21-21 во сетови. Сега и двете екипи се со по 12 победи и еден пораз, но струмичани имаат бод помалку поради административната казна за одземање на еден бод поради минатогодишното недоаѓањето на пресметката токму со пробиштипјани.
Јанта Волеј и натаму максимално
Во женскиот шампионат, Јанта Волеј и натаму е со максимален ефект стигнувајќи и до 13-та победа во 13. коло во првенството. Јанта Волеј изминатиов викенд славеше против Универзитет во Тетово со 3-1 (25-23,20-25,25-14,26-24).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА