Битолски час по кошарка за вицешампионот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пелистер како лидер ќе влезе во големото дерби со шампионот МЗТ Скопје в четврток откако битолчани попладнево лесно и преубедливо го совладаа составот на Еуро Никел. Кавадарчани допатуваа како актуелни вицешампиони од ланската сезона, но целосно потфрлија на теренот во салата „Боро Чурлевски“, останувајќи во сенка на беспрекорното издание на „пелистерци“.

Шест тројки од шест обиди во првата четвртина, оваа перфектна реализација од далечина беше најава за одличната средба на тимот на тренерот Марјан Илиевски, кој уште еднаш покажа дека заслужено од стартот на сезонава се наоѓа на чело на прволигашката табела. Кавадарчани се разбудија во последната четвртина, но веќе беше предоцна за да се ибегне пораз на оваа средба.

„Пелистерци“ се свесни дека вистинските предизвици допрва претстојат почнувајќи од дербито со МЗТ, но доколку повторно бидат на вакво ниво со право можат да се надеваат на најмалку еден чекор повеќе од лани, пласман во големото финале и борба за шампионскиот трофеј.

 

Се вчитува...