Бизнис-лига: Џонсон Мети пресилен за ЕЛЕМ

Интересни натпревари беа и денеска на програмата во рамките од Бизнис-лигата…

Џонсон Мети со колективна игра до победа над ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 4-7(1-3) Џонсон Мети

ЕЛЕМ: Златко Станкоски 2’ Влатко Петровски 26’ 36’ Диме Милевски 40’ 
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 10’ 15’ 38’ Даниел Стојановски 20’ Љупчо Стојановски 24’ 29’ Мартин Николовски 40’

Интересно прво полувреме одиграЕЛЕМ и Џонсон Мети, уште на самиот старт двете екипи се определија за офанзивна игра што резултираше со водство во втората минута за екипата на ЕЛЕМ. По ова рано водство на ЕЛЕМ екипата на Џонсон Мети направи неколку промени во тимот и успеа да ги консолидира своите редови. Џонсон Мети ја превзеде иницијативата и вршеше постојан притисок кон противничкиот гол што вроди со плод и веќе во 15. минута успеаја да направат целосен резултатски пресврт и на паузата да замине со позитива од 1-3. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ се префрли на противничката половина вршејќи притисок со цел да дојде до израмнување, но во таквата игра заборави на својата одбрана што екипата на Џонсон Мети вешто успеваше преку контра напади константно да го зголемува водството. Во финишот од натпреварот екипата на ЕЛЕМ успеа да го ублажи водството на Џонсон Мети, но немаше простор за изненадување па го загуби овој натпревар со резултат од 4-7.

ЈСП со одлично второ полувреме до победа над Фабрика Карпош

ЈСП 7-4(3-2) Фабрика Карпош

ЈСП: Сабит Хусеини 17’ 18’ Дејан Блажевски 18’ Даниел Антовски 25’ 30’ 30’ Марјан Србиновски 28’ 
Фабрика Карпош: Александар Божиков 19’ 33’ Ѓорги Божиков 20’ Александар Стефанов 30’

Првиот дел од полувремето помина во висок ритам на игра со многу шанси на двете страни, но слаба реализација. Како одминуваше времето темпото на игра се смируваше и играта се префрли на средината на теренот, екипата на ЈСП се обидуваше со голман играч во фаза на напад да створи вишок, но тимот на Фабрика Карпош одлично ја имаше поставено својата одбрана и успеваше да одолее на ваквата игра се до 17. минута кога екипата на ЈСП преку Хусеини успеа да го отвори резултатот. Во финишот од полувремето екипата на ЈСП го подигна темпото на игра успеа да реализира во уште два брзи гола за 3-0 во 19. минута, но Фабрика Карпош имаше брз одговор и успеа да се врати во натпреварот па на паузата се замина со резултат од 3-2.

Во второто полувреме се продолжи во жестоко темпо на игра во кое екипата на Фарбика Карпош со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на ЈСП ја имаше контролата врз резултатот и не дозволуваше никакво резултатско изненадување и успеа да го добие натпреварот со сигурни 7-4.

Се вчитува...