Бизнис лига: ЈСП подобар од Сава Осигурување

Во првото полувреме екипата на ЈСП во дуелот со Сава Осигурување, во рамките на Бизнис лигата, влезе мошне мотивирано и уште на самиот старт наметна висок ритам во одбраната што му овозможи преку контранапади да дојде до поволен резултат од 4-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување се обиде да се врати во натпреварот намалувајќи го водството кое го стекна ЈСП во првото полувреме, но екипата на ЈСП ги консолидира своите редови и не дозволи целосен пресврт па на крајот го доби овој натпревар со 7-3.

ЈСП – Сава Осигурување 7-3 (4-1)

ЈСП: Сабит Хусеини 7’ Дејан Блажевски 7’ 26’ Марјан Србиновски 8’ 27’ Љупчо Павловиќ 11’ Далибор Миленковски 24’

Сава Осигурување: Данило Апостолоски 10’ Мирче Маринковиќ 28’ 32’

Адмирал со пресврт во второто полувреме до победа над Раде Кончар

admiral

Екипите на Адмирал и Раде Кончар уште на самиот старт влегоа доста мотивирано со желба за победа во овој натпревар. И на двете страни се играше доста цврста одбрана поради што тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол. Пред самиот крај на полувремето екипата на Раде Кончар преку Трпчевски успеа да постигне гол со кој го доби ова полувреме 0-1. Во второто полувреме екипата на Адмирал играше со поголема концентрација во делот на нападот по што отворените шанси успеа да ги претвори во гол. Кај Раде Кончар имаше видилив пад на концентрација што Адмирал вешто го искористи правејќи целосен пресврт за победа од 3-1.

Адмирал- Раде Кончар  3-1(0-1)

Адмирал: Ненад Лазаревски 30’ Спасе Новковски 34’ Јован Качевски 38’

Раде Кончар: Сашо Трпчевски 19’

Во отворен фудбал Трансмет подобар од Окта

viner

Екипата на Окта одлично го отвори натпреварот со Трансмет во кој влезе со стратешки повлечена одбрана која Трансмет не можеше да ја пробие. Преку контра напад во 12. минута Јовчевски и донесе предност на екипата на Окта од 0-1. Трансмет во своите редови го внесе Скендеровиќ како голман-играч што се покажа како вистинско решение бидејќи успеваше да направи играч плус во нападот преку кој доаѓаше до отворени шанси за гол кои ги реализираше па на полувремето Трансмет отиде со предност од 2-1. Во второто полувреме и двете екипи заиграа поотворен фудбал по што беше евидентна дибрата реализација во делот на нападот. Екипата на Трансмет успеа да ја задржи стекнатата предност од првото полувреме, додека пак Окта не можеше да фати резултатски приклучок па го загуби овој натпревар со 7-4.

Трансмет – Окта 7-4(3-1)

Трансмет: Амер Скендеровиќ 12’ Бобан Велјановски 14’ 17’ 23’ Душан Николоски 21’ 39’ Един Скендеровиќ 28’

Окта: Александар Јовчевски 12’ 28’ 40’ Шеќо Личина 30’

Се вчитува...