Нови три натпревари беа денеска на програмата во рамките од Бизнис-лигата:
НЛБ Банка со целосен пресврт до победа во дуелот со Оне.Вип
Оне.Вип 2-3(2-0) НЛБ Банка
Оне.Вип: Мартин Ангеловски 17’ Антонио Апостоловски 19’
НЛБ Банка: Милош Денковски 21’ 29’ Мирослав Јовановски 24’
Екипата на Оне.Вип прикажа одлична игра во текот на првото полувреме играјќи мотивирано уште од самиот почеток на дуелот со НЛБ Банка. Кај Оне.Вип беше очигледна мотивацијата и желбата да постигне гол. Со ваква мотивирана игра успеаа да заминат на полувремето со резултат од 2-0. Второто полувреме екипата на НЛБ Банка успеа уште на самиот старт да наметне свое темпо и свој стил на игра која вроди со плод. Денковски и Јовановски со по еден погодог успеаја екипата на НЛБ Банка да ја вратат вонатпреварот и да се изборат за израмнет резултат од 2-2. Во продолжение на атпреварот НЛБ Банка дојде до целосен пресврт и со 3-2 успеа да го добие овој натпревар.
ЕЛЕМ и Аџибадем Систина ги поделија бодовите
ЕЛЕМ 4-4(1-1) Аџибадем Систина
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 19’ Синиша Ковачевиќ 21’ Диме Милевски 28’ Ристо Стефановски 31’
Аџибадем Систина: Ѓорѓи Иванов 1’ Бојан Саздовски 33’ Игор Ѓорѓиевски 34’, Кристијан Димковски 38’
Аџибадем Систина уште во раната фаза од натпреварот по неполна минута преку Иванов успеа да стекне предност од 0-1 во дуелот со ЕЛЕМ. Во останатиот дел од полувремето екипата на ЕЛЕМ со голман играч се обидуваше да го израмни резултатот стекнувнавќи играч плус во делот на нападот. Аџибадем Систина успеваше да се одбрани се до самиот финиш кога ЕЛЕМ преку Ничевски го израмни резултатот на 1-1 со кој се отиде на полувремето. Во второто полувреме ЕЛЕМ продолжи со поставеност голман-играч која вроди со плод и најпрво во 21та минута преку Ковачевиќ а потоа и во 28та преку Милевски успеа да стекне предност од 3-1. Но екипата на Аџибадем Систина имаше своја вечер и со максимално ангажирана и борбена игра успеа да се врати во натпреварот и да го израмни резултатот на конечни 4-4.
Гранит во финишот го скрши отпорот на Факом
Факом 5-8(4-3) Гранит
Факом: Шенол Аџировски 3’ 5’ 6’ Бојан Јовановски 8’ Боро Мисердовски 29’
Гранит: Стеван Митревски 4’ 24’ 32’ 38’ Дарко Стојановски 7’ 38’ Семир Прентиќ 14’ Пепи Мицев 39’
Во последниот натпревар од 11. коло силите ги одмерија екипите на Факом и Гранит. Екипата на Факом преку брз и отворен фудбал успеа да стекне предност која која ја одржа во текот на целото полуреме не дозволувајќи му на Гранит да фати резултатски приклучок и истото го доби со 4-3. Во второто полувреме се играше егал се до самиот финиш кога при груб старт екипата на Факом остана со играч помалку по што следеше офанзива на Гранит кој ја искористи оваа предност од играч плус, го скрши отпорот и успеа да го добиеовој натпревар со 5-8.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА