Бизнис-лига: Сава Осигурување го растури ЕЛЕМ

Екипата на Сава Осигурување ја забележи најубедливата победа на денешната програма од Бизнис-лигата…

Поповски со 6 погодоци ја водеше Сава Осигурување до победа над ЕЛЕМ

Сава Осигурување 8-0(3-0) ЕЛЕМ

Сава Осигурување: Данило Поповски 9’ 16’ 26’ 34’ 38’ 39’ Данило Апостолоски 14’ Коста Глигуроски 21’

Екипата на Сава Осигурување уште на самиот старт на натпреварот влезе со сериозен пристап решена да ги освои бодовите. ЕЛЕМ натпреварот го одигра во скратен состав со малкумина играчи во ротација. Сава Осигурување со високо темпо и брзи и чести ротации во играта успеа да наметне ритам кој екипата на ЕЛЕМ не можеше да го следи. Па од тука на полувремето Сава Осигурување замина со 3-0. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам, Сава Осигурување од минута во минута го зголемуваше водството предводена од Поповски кој постигна шест гола го доби овој натпревар со 8-0.

Рамстор во финишот ја осигура победата со ЕВН

Рамстор 5-3(2-1) ЕВН

Рамстор: Емир Сулоски 13’ Ведат Арслан 18’ 23’ 38’ 40’
ЕВН: Ајет Новобрдарија 19’ 36’ Ѓорги Поповски 28’

Израмнет прв дел одиграа екипите на Рамстор и ЕВН, играта се одвиваше на средината на теренот играчите главно се обидуваа со соло акции и удари од далечина да го отворат резултатот. Во овој прв дел вредно да се напомене дека и голманите беа на висина на задачата и успеваа да ги сочуваат мрежите мирни. Кон средината на полувремето Рамстор успеа да реализира еден полу контранапад и да го отвори резултатот. По оваа негатива ЕВН тргна жестоко кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, но не успеа во таа намера. Екипата на Рамстор на паузата замина со предност од 2-1. Во второто полувреме двете екипи наметнаа жесток ритам на игра, на стартот на полувремето екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да го зголеми водството од полувремето. Сепак. екипата на ЕВН не се откажуваше од натпреварот и со чести ротации успеа да наметне свој стил на игра и то вроди со плод во 36та минута кога дојдоа до израмнување на 3-3. Во финишот од натпреварот Рамстор успеа да две брзи акции и да ја осигура победата со 5-3.

Матрикс не потклекна на притисокот од Џонсон Мети

Матрикс 4-3(1-3) Џонсон Мети

Матрикс: Петре Даилоски 19’ Дарко Цветковски 27’ Никола Христовски 31’ Мирко Богески 35’
Џонсон Мети: Мартин Николовски 1’ 13’ Благоја Божиновски 6’

Натпреварот помеѓу Матрикс и Џонсон Мети имаше одлично отварање, уште во првата минута екипата на Џонсон Мети преку Николовски го отвори резултатот и најави возбудлив натпревар. Екипата на Матрикс како да беше во шок по овој почеток и веќе во 6. минута Џонсон Мети го зголеми водството на 2-0. До крајот на полувремето Матрикс со чести измени се обидуваше да ја пронајде својата игра, но не успеа во таа намера против денес расположената за игра Џонсон Мети.

На полувремето се замина со резултат од 1-3. Во второто полувреме екипата на Матрикс уште на самиот старт ја превзема иницијативата и вршеше постојан притисок кон противничкиот гол, тие со воиграни акции успеваа од минута во минута да ја топат предноста на Џонсон Мети па и во 35. минута да направат целосен резултатски пресврт. До крајот на натпреварот Матрикс го издржа притисокот на Џонсон Мети и го доби овој натпревар со 4-3.

Се вчитува...