Благотиншек го менува Веспрем со Фленсбург

Блаж Благотиншек нема да потпише нов договор со Веспрем, туку на истекот на актуелната соработка, во јули 2023 година ќе се пресели во Бундес-лигата. Фленсбург ќе биде новиот клуб на словенечкиот репрезентативен пивот, откако Благотиншек се договори за тригодишна соработка со овој амбициозен гремански прволигаш.

Информацијата веќе ја потврдија двата клуба, Словенецот ќе остане да ги брани боите на Веспрем и во текот на сезоната 2022/23, по што ќе замине во Германија.

Благотиншек е член на Веспрем од 2016 година, а четири години подоцна потпиша и нов договор со унгарскиот ракометен гигант. Во изминатите шест сезони тој освои две титули во унгарскиот шампионат, три во Купот на Унгарија, како и два трофеи во СЕХА-лигата.

Се вчитува...