Вообичаено на секоја прес-конференција откако е именуван за селектор на македонската репрезентација, Благоја Милевски добива прашање зошто не е повикан напаѓачот на Удинезе, Илија Несторовски.
Несторовски е далеку од посакуваната форма, речиси и да не игра за Удинезе, па очекувано го нема и за престојните дуели со Грузија и со Бугарија во Лигата на нации.
„Што се однесува до Илија Несторовски, тој е играч кој има многу дадено за Македонија и моментно не заслужува да го повикам само за да игра пет-десет или 15 минути. Кога ќе го повикам Илија Несторовски сакам да ми игра 90 минути, а во моментов и Бојан Миовски и Милан Ристовски се во подобра форма“, истакна Милевски на прашањето за Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА