Богат договор: Јуве ќе „лапне“ 408 милиони евра од „Адидас“

Јувентус си обезбеди уште поголеми финансиски средства за периодот што следи продолжувајќи го договорот со компанијата за спортска опрема „Адидас“. Најтрофејниот италијански клуб соработува со Адидас од 2015 година, актуелниот договор истекуваше во јуни 2021 година, но двете страни задоволни од соработката инсистираа на негово продолжување.

„Адидас“ на овој начин ја победи конкуренцијата и го „врза“ италијанскиот гигант до 2027 година, додека Јуве од своја страна одлично го наплати овој договор. Имено, Јувентус во наредниот период ќе инкасира дури 408 милиони евра, што е убедливо најбогат спонзорски договор на Апенинскиот полуостров.

Новиот договор е најава и за нови богати трансфери на „старата дама“, а прв по кого Јуве е тргнат во офанзива е Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Се вчитува...