Бојан Трајковски и Феникс 2010 продолжуваат заедно

Еден од најдобрите македонски кошаркари, Бојан Трајковски и во следните две сезони ќе биде дел од Феникс 2010 откако денеска и официјално ја продолжи соработката. Крилниот центар му се приклучи на новајлијата за вториот дел од сезоната, а оттогаш се наметна како еден од клучните играчи, притоа давајќи и голем придонес со богатото искуство на младиот состав.

На 13 одиграни натпревари за Феникс 2010 крилниот центар забележа просек од 20.5 поени, 10.1 скок и 3.2 асистенции, но поради повреда не беше во можност да му помогне на својот состав во поголемиот дел од Суперлигата и клучните натпревари за пласман меѓу најдобрите четири тима.

Со овој потпис Феникс 2010, кој беше сензација на првенството наговестува дека ќе биде сериозен противник и во следната сезона.

 

Се вчитува...