Сергеј Милинковиќ конечно излезе од кризата по серијата слаби игри на стартот од сезонава. Откако минатото коло конечно постигна погодок за Лацио, Србинот денеска со „бомба“ спречи пораз на својот тим на дуелот со Торино.
„Лацијалите“ по првото полувреме губеа со 0-1, кога Милинковиќ – Савиќ ги зеде работите во свои раце, упати силен удар од над 20 метри, сместувајќи ја топката во горниот агол од голот на гостите. Српскиот интернационалец со оваа мајсторија потсети зошто претседателот Лотито минатото лето бараше 100 милиони евра за неговите услуги.
Milinkovic-Savic scores a screamer against Torino pic.twitter.com/dc5QzQPMla
— Isak Möller (@Isak_Moller) December 29, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА