Борусија Д. го засилува средниот ред уште во јануари

Иако се шпекулираше дека фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Денис Закариа во јуни ќе се пресели во Дортмунд како слободен агент, сепак, „милионерите“ од јануари сакаат да го имаат одличниот швајцарски фудбалер во своите редови.

Токму од тука се подготвени да платат околу 10 милиони евра, за неговиот потпис уште во јануари, со оглед дека во јуни ќе може да го земат како слободен фудбалер. Борусија М. нема да има против да заработи нешто и да се откаже од неговите услуги шест месеци пред истекот на договорот.

Освен Закариа, Дортмунд сака да го врати и дефанзивецот Матијас Гинтер, кој исто така станува слободен агент и му истекува договорот на Борусија Менхенгладбах. Меѓутоа Гинтер кажа дека сака нов предизвик во кариерата и нова земја, па така веројатно ќе замине во Интер.

Се вчитува...