Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм и стана лидер во Бундеслигата (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд стигна до минимална, но вредна победа на гостувањето кај Хофенхајм, со која се искачија на првото место на табелата во Бундеслигата, барем до утре кога се игра дербито меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин. Борусија благодарение на голот на Бранд пред крајот на првиот дел, стигна до триумфот. Борусија имаше уште многу шанси, но на голот царуваше Бауман кој успеа да дојде до 11 одбрани на овој меч. Хофенхајм на моменти се закануваше опасно, меѓутоа и Кобел на другата страна беше феноменален и Борусија ја продолжи својата одлична форма во 2023 година.

Келн на домашен терен е поразен од Волфсбург. „Волците“ славеа триумф благодарение на головите на Герхард во 4. минута и на Арнолд од пенал во 68. минута.

Херта оствари важен триумф во битката за опстанок, совладувајќи го на домашен терен тимот на Аугзбург. На крајот победа од 2-0, остварена во вториот дел. Ритер во 61. и Лукебакио во 70. минута беа стрелци на головите.

Вердер Бремен исто така дојде до важна победа во борбата за Европа идната сезона. На „Весер“ беше совлада Бохум со 3-0 со головите на Филкруг, Шмид и Дукш.

Лајпциг дојде до триумф во битката за врвот на табелата и за излез во Лигата на шампионите. Совладан беше тимот на Ајнтрахт Франкфурт со 2-1. Вернер и Форсберг беа творци на водството од 2-0 (со по еден гол и по една асистенција двајцата), а Соу во 61. минута само успеа да намали.

Се вчитува...