Борусија Дортмунд му постави ултиматум на Халанд

И натаму не е позната иднината на Ерлинг Халанд, за кого се шпекулира дека идното лето ќе замине. Се поврзува со Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед и Сити… Но, на крајот може да се одлучи и да остане дел од Дортмунд.

Она што е актуелно е тоа што Борусија Дортмунд му дала рок на Норвежанецот дефинитивно да одлучи за својата иднина до крајот на февруари, односно да се изјасни дали ќе си оди или ќе остане. Ова е направено од причина што „милионерите“ мора да бараат негова замена.

Кога сме кај замената, многу имиња се во игра меѓу кои и Душан Влаховиќ, Лука Јовиќ, Себастијан Халер…

Се вчитува...