Борусија Дортмунд остана без двајцата стопери пред гостувањето во Штутгарт

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ ќе има големи проблеми на натпреварот против Штутгарт кој се игра денеска во 15:30 часот. Дортмунд на ова тешко гостување оди без стоперскиот тандем Нико Шлотербек и Никлас Зиле кои нема да бидат во комбинација поради повреди.

Ова го соопшти токму тренерот Терзиќ кој откри дека на овој меч одат без двајцата стопери, што може да биде голем проблем, со оглед дека Штутгарт ќе мора да оди по бодовите поради битката за опстанок.

Така во Штутгарт, Дортмунд се очекува да почне со стоперскот тандем Емре Џан – Матс Хумелс, додека во средниот ред да се најде играч кој ќе го замени Џан.

Се вчитува...