Борусија Менхенгладбах загуби и од Ајнтрахт во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го забележаа и четвртиот пораз во низа откако вечерва загубија од Ајнтрахт Франкфурт со 2-3 во натпревар од 16. коло во германската Бундеслига.

Нојхаус во шестата минута донесе водство за домаќините, а до крајот на првиот дел гостите израмнија на 1-1 во 45. минута. Во вториот дел со голот на Линдстром Франкфурт поведе со 1-2. Во 54. минута домаќините израмнија со голот на Бенсебаини од пенал, а само минута подоцна Камада ги постави конечните 2-3. Иако гостите од 70. минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Тута, фудбалерите на Менхенгладбах не успеаја тоа да го искористат.

 

Се вчитува...