Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски треба да биде прв асистент на Драган Стојковиќ – Пикси на клупата на репрезентацијата на Србија, пренесуваат српските медиуми.
Стојковиќ и Ѓуровски треба да биде двоецот предводник на националниот тим на Србија во квалификациите за СП 2022.
Добро е познато дека Стојковиќ и Ѓуровски се одлични пријатели уште од играчките денови во Црвена Звезда. Потоа кога македонската фудбалска легенда беше тренер на Црвена Звезда во 2006 и во 2007 година, Стојковиќ беше претседател на црвено-белите, а подоцна Ѓуровски беше и асистент на Стојковиќ во Нагоја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА