Британскиот пливач Адам Пити постави нов светски рекорд на 50 метри градно, на Светското првенство во Будимпешта. Во утринските квалификации Пити исплива 26,10 секунди што е за три десетинки побрзо од неговиот претходен светски рекорд во оваа дисциплина од 2015 година.
Второ време во квалификациите забележа Камерон ван дер Бург со 26,56 секунди, а трет заврши Бразилецот Жоао Гомеш Жуниор со 26,67 секунди.
Во претходниот настап, Адам Пити ја одбрани титулата на 100 метри градно, сега ќе атакува на втор златен медал и на 50 метри градно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА