Британска тенисерка бара работа во супермаркет – Морам некако да заработам пари

Британската тенисерка Наоми Броуди размислува да се вработи како продавачка во супермаркет. Пандемијата од коронавирусот предизвика вистински хаос во светот, а Британката мора некако да преживее во периодот кога не игра тенис.

„Тенисот е индивидуален спорт и мораме да заработиме пари. Ако не можеме да играме не можеме ниту да заработиме. Тоа е многу едноставно. Гледав работа во супермаркет. Ние играчите кои сме слабо рангирани на АТП и ВТА листата не заработуваме многу и немаме голема заштеда“, изјави Броуди. 

30- годишната Броуди во моментов се наоѓа 484. позиција на ВТА листата, а својот најдобар пласман го имаше во март 2016 кога беше 76. тенисерка во светот.

Се вчитува...