Бројките говорат се – Алиоски беше „ѕвер“ против ВБА

Езгијан Алиоски постигна фантастичен погодок во триумфот на Лидс над ВБА од 0-5, втор премиерлигашки гол за македонскиот репрезентативец за тимот предводен од Марсело Биелса.

Сепак, влијанието на Алиоски врз играта на Лидс е многу поголемо од оној „проектил“ што заврши во мрежата на ВБА. Најдобра потврда за тоа се официјалните бројки за настапот на нашиот репрезентативец, кој беше меѓу најдобрите фудбалери на Лидс при овој убедлив триумф.

Прецизните аналитичари пресметаа дека Алиоски имал 105 допири со топката, а додавањата до соиграчите му биле со 87% успешност (82/94). Покрај тоа, Алиоски излегол како победник од девет дуели со противничките фудбалери…

„Ѕверски“ меч на Џани Алиоски, кој повторно им ги затна устите на злобниците и јасно покажа зошто заслужува да добие нов договор со Лидс.

Се вчитува...