Брозовиќ пред трансфер во Пари Сен Жермен

Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ е желба на тренерот на ПСЖ, Томас Тухел. Спортскиот директор Леонардо најавил дека „светците“ се заинтересирани за преговори и дека се подготвени да платат 50 милиони евра за одличниот играч за врска.

Покрај Брозовиќ, на пат кон Париз е уште еден фудбалер на Интер, Раџа Наинголан, кој се врати од позајмица во Калјари, но најверојатно нема да остане на „Џузепе Меаца“ во претстојната сезона.

Со продажбата на Марсело Брозовиќ, тренерот на Интер, Антонио Конте би добил доволен финансиски фонд за ангажман на францускиот интернационалец Н’Голо Канте од Челси.

Се вчитува...