Бугарија доби нов селектор

Српскиот стратег Младен Крстаиќ ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија.

Српски медиуми објавија фотографија од Крстаиќ со раководството на бугарската федерација предводена од претседателот Борислав Михаилов и техничкиот директор Георги Иванов.

Крстаиќ со бугарската федерација веќе се договорил, а останува само уште официјално да биде претставен. Бугарија во овој циклус во Лигата на нации освои три бода со три ремија против Македонија, Гибралтар и Грузија и е третопласирана во групата.

Крстаиќ беше селектор на Србија во периодот од 2017 до 2019 година. Србинот своето деби на клупата на Бугарија ќе го има на 23. септември на домашен терен против Гибралтар, а само три дена подоцна тој ќе гостува во Скопје на мечот против Македонија.

Се вчитува...