Бугарите ги запреа Грузијците среде Тбилиси, Македонија останува во игра за првото место во групата!

Конечно и натпревар без победа за Грузија во Групата 4 од Ц-Лигата на нации. Грузијците, по трите едноподруго победи на стартот од натпреварувањето со кое се издвоија како отворени фаворити за првото место, сега киксираа на домашен терен ремизирајќи без голови со Бугарија.

Откако пред само една недела Грузија славеше во Разград на гостински терен против Бугарија со 2-5, сега домашните пред 50.000 свои навивачи во Тбилиси немаа „муниција“ за триумф со која со огромна сигурност веќе ќе беа прогласени за победници во групата.

Но, сега со ремито без голови, Македонија останува во игра за првото место во групата пред последните два натпревари кои ќе се играат во септември.

Во септември, Македонија на 22. септември најпрво гостува на Грузија во Тбилиси, во се чини одлучувачкиот натпревар, а потоа на 26. септември на домашен терен ја пречекува Бугарија. Грузија, пак, во последното коло ќе гостува во Гибралтар.

Се вчитува...