Бундес-лига: Катастрофа на Херта кај Мајнц, Келн ги скроти „волците“ (ВИДЕО)

Херта продолжува со очајните игри оваа сезона во Бундес-лигата, откако вечерва загубија со 4-0 на гостувањето кај Мајнц. Побендикот беше решен уште во 49 минути игра кога Мајнц поведе со 3-0, а потоа до крајот го „дотолчи“ противникот. Ли Јае Сунг го постигна голот за водство, а Хак донесе 2-0. Видмер зголеми на 3-0 во 49. минута, а Боетиус во 79. минута ги постави конечните 4-0.

Волфсбург и Келн одиграа крајно интересен меч кој на крајот го доби Келн со 2-3, иако два пати губеше на ова гостување. Нмеча му донесе водство на Волфсбург, за да израмни Модесте. Вегорст донесе водство за Волфсбург во 51. минута, а Ут во 73. израмни. Модесте во 89. минута донесе водство и победа за Келн, додека Волфсбург во последните секунди ја погоди пречката од голот на противникот и пропушти израмнување. За „волците“ ова беше шести пораз по ред.

Арминија Билефелд оствари важен триумф во битката за опстанок победувајќи го Бохум со 2-0. Стрелци на головите беа Окугава и Вимер во вториот дел.

Во првиот меч одигран денеска, Баерн на гостувањето кај Штутгарт победи со 0-5.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...