Најголемото изненадување ба денешните натпревари во германската Бундес-лига го направи тимот на Арминија Билефелд кој го победи Лајпциг и тоа на гостински терен со 0-2. Згора на тоа Арминија последните 20 минути ги одигра и со играч помалку, па дури и постигна гол со кој дојде до 0-2. Со тоа продолжува лошата сезона на тимот на Лајпциг, кај кого ниту смената на тренерот не делуваше позитивно.
Сера ја донесе Арминија во водство од 0-1 во 57. минута, а Окугава во 75. минута од средбата зголеми на 0-2.
Ајнтрахт со голот на Линдстром го совлада Мајнц, и ја продолжи добрата низа во Бундес-лигата. Мајнц имаше шанси во финишот, но не успеа да дојде до израмнувачки гол.
Хофенхајм во 90. минута со голот на Акпогума дојде до бод во дуелот со Менхенгладбах, кој дојде во водство во 35. минута преку Емболо. Унион Берлин со голот на Крузе дојде до победа над Бохум. Гројтер Фурт и Аугзбург одиграа без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА