БУНДЕС-ЛИГА: Леверкузен му даде седум гола на најслабиот во Лигата, Шик погоди четири пати (ВИДЕО)

Баер Леверкузен оствари убедлив триумф од 7:1 над последнопласираниот Гројтер Фурт во денешните натпревари од 14. коло во германската Бундес-лига. Патрик Шик, чешкиот фудбалер погоди четири пати, сите четири во вториот дел.

Победникот беше решен уште во првиот дел кога Леверкузен имаше 3:1, а потоа на сцена стапи Шик кој ја дотолчи екипата на Гројтер.

v

Бохум на гостински терен го совлада составот на Аугзбург со 2:3, додека Арминија и Келн одиграа 1:1. Хофенхајм беше подобар од Ајнтрахт Франкфурт, победувајќи со 3:2, додека Мајнц го совлада Волфсбург со 3:0.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...