Бушар повторно оди на „состанок на слепо“, а ќе го наплати 3.000 евра

Атрактивната тенисерка Еугени Бушар повторно излегува со непознаници. Откако во 2017 година загуби кладба, па мораше да излезе со Џон Горки, со кого потоа повторно минаа уште неколку средба, поранешната финалистка од Вимблдон сега оди на „состанок на слепо“ со Боб.

Бушар заедно со својата пријателка Ели ЛаФорс, за време на карантин, преку Инстаграм имаше обраќање во живо до своите фанови, а извесен Боб во текот на целата комуникација во живо постојано нагласуваше како ја обожава Бушар. На крај, ЛаФорс го вклучи во живо Боб кој рече дека ќе плати 500 евра за состанок за Бушар. Откако му беше кажано дека тоа не е доволно, ЛаФорс го натера Боб да се согласи да плати 3.000 евра за нивниот состанок, и Боб се согласи на тоа. Бушар парите ќе ги искористи за да ги плати оброците за здравствените работници. Така веќе неколку недели и самата издвојува толкава сума на дневна база за да ги плаќа оброците на здравствените работници кои бијат битка со коронавирусот.

„Зошто ми го правиш ова? Ми набиваш грижа на совест, а сега мора да прифатам затоа што е за добротворни цели. Воопшто не се чувствувам пријатно“ – коментираше Бушар.

Се вчитува...