Чаир влезе во кошаркарската елита

Екипата на Чаир 2030 за првпат во клупската историја ќе биде дел од македонското кошаркарско друштво откако славеше со 2-1 во полуфиналната серија над Вардар.

Денешната мајсторка мина во апсолутна доминација на домашните кошаркари, кои триумфираа со 85-59 и по мечот со верните навивачи го прославија големиот успех. За прв пат во својата кратка историја на постоењето, екипата од Чаир стигна преку константно добра игра пред својата публика против екипата која им го нанесе само вториот пораз во сезоната во втортолигашката конкуренција.

Покрај Чаир, Струмица е вториот тим кој обезбеди промоција во елитното друштво, каде овие две екипи ќе ги заземат местата на КК Ангели и на МЗТ Скопје 2.

Се вчитува...