Чан како Дејан Станковиќ, Дортмунд во четвртфинале во купот на Германија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд се пласираа во четвртфиналето на Националниот куп на Германија, откако во осминафиналето вечерва славеа на гостувањето кај Бохум со 1-2.

„Милионерите“  стигнаа до водство од 0-1 со феноменалниот погодок на Емре Чан во стилот на Дејан Станковиќ во судиското надополнување во првото полувреме. Домаќините израмнија на 1-1 со голот на Стогер од пенал во 64. минута. Конечните 1-2 ги постави Марко Ројс во 70. минута.

 

 

Се вчитува...