Чави вината ја гледа во судиите не во себе: Многу пати имам зборено за тие луѓе кои не можам да ги разберам

Барселона го доживеа и вториот пораз на гостувањата во Лигата на шампионите сезонава откако синоќа Интер на „Џузепе Меаца“ победи со 1-0.

По мечот тренерот на Каталонците вината за поразот не ја гледа во себе, туку во судијата кој не досудил пенал за неговиот тим….

„Навистина сум лут за втората ситуација. Лут сум и бесен бидејќи не можам да сфатам ништо од двете одлуки. Ако има рака за Ансу Фати и се поништува тој гол, навистина не можам да сфатам зошто не се досуди пенал за раката на Дамфрис. Многу сме оштетени и тоа го видоа сите. Го кажав ова уште вчера на пресот. Судиите треба да зборуваат исто како нас тренерите по натпреврите и да имаат прес-конференции“, изјави Чави. 

Се вчитува...