Чекор поблиску до камбек: Барди тренира со топка (видео)

Енис Барди направи уште еден голем чекор напред кон враќање на фудбалските терени откако денеска го одржа првиот тренинг со топка во комплексот на Леванте.

Шпанскиот прволигаш објави видео од Барди како влегува во посакуваниот ритам, движејќи се без никакви проблеми по незгодната повреда на грбот заработена на тренинг на македонската репрезентација. Барди е без одигран натпревар уште од 8 ноември, но се очекува наскоро да му се стави на располагање на тренерот Пако Лопез.

Македонскиот интернационалец сигурно ќе паузира до крајот на годинава, но се очекува за неколку дена да почне да тренира со остатокот од тимот. Барди воедно се поврзува и со заминување од Леванте, а последен што искажа интерес за неговите услуги е премиерлигашот Њукасл.

Се вчитува...