Челси го претстави Емерсон, се чека Жиру

Актуелниот англиски шампион Челси, го претстави новото засилување Емерон Палмиери. „Сините“ исплатија 17.5 милиони фунти на Рома за услугите на Бразилецот со италијански пасош, додека фудбалерот потпиша четири ипол годишен договор.

„Денес си го остварив сонот да станам член на еден голем клуб како што е Челси. Уште кога бев мал го следев англискиот фудбал, имав голема желба да дојдам тука и да играм во најсилната лига во светот. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата и ќе помогнам на тимот да оствари нови успеси“, истакна Емерсон.

Челси се одлучи да го ангажира Емерсон откако преговорите со Јувентус за Алекс Сандро пропаднаа, а левиот бек на Рома беше поефтината алтернатива.

Во последниот ден од преодниот рок „сините“ треба да го реализираат и трансферот на Оливие Жиру, бидејќи Борусија Дортмунд се договори да го позајми Мичи Батшуаји, додека Обамејанг веќе ги обавува медицинските прегледи во спортскиот центар на Арсенал.

Се вчитува...