Челси најпрво го избрка, а сега му се налути на Тухел

Германскиот стручњак Томас Тухел е на „удар“ од неговиот поранешен тим Челси, на кој успеа да му донесе европска шампионска титула. Откако минатата година беше избркан од кормилото, сега лондонските „сини“ му објавија војна на Германецот поради фактот што „краде“ од нивниот стручен штаб, откако стана нов тренер на Баерн Минхен.

Тухел на новинарите им откри дека сака да го ангажира во својот стручен штаб Ентони Бери, со кого работеше во Челси, а тој и натаму е дел од стручниот штаб на „сините“. Клубот од Лондон сака да го задржи Тухел, а изворите од Стемфорд Бриџ кажуваат дека на Тухел се многу лути затоа што тоа го изнел јавно.

Бери, наводно, бил подготвен одново да се приклучи во стручниот штаб на Тухел. Бери се приклучи во Челси уште во времето на Френк Лампард, а потоа со Тухел имаше многу добра соработка.

Се вчитува...