Челси води во трката по Икарди

Челси излезе во преден план во трката по Мауро Икарди откако првиот човек на клубот, Роман Абрамович, лично дал зелено светло да се тргне во офанзива за да се осигура потписот на капитенот на Интер за летниот преоден рок. Аргентинецот се уште не потпишува нов договор со Интер, а во стариот има клаузула што го прави достапен за сума од 100 милиони евра.

Досега ниту еден од клубовите заинтересирани за негов ангажман не ја активираше оваа клаузула, но откако Реал Мадрид покажа сериозен интерес сега се очекува Икарди сигурно да си замине на крајот од сезонава. Во Челси се убедени дека ќе успеат да го убедат Аргентинецот да им се приклучи токму на „сините“ наместо на најтрофејниот европски клуб.

Едно е јасно, во Челси се откажаа од намерата да го задржат Алваро Мората, кој би можел веќе во јануари да си замине од „Стемфорд бриџ“ и да се врати назад во Шпанија, во тимот на Севилја.

Се вчитува...