Четири меча суспензија за Анхел Ди Марија

Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија доби суспензија од четири натпревари поради непримерното однесување на натпреварот против Олимпик Марсеј кога го плукна противничкиот фудбалер Алваро Гонзалес. Казната ќе има важност од следниот вторник, што значи дека Ди Марија ќе може да настапи претстојниов викенд против Реимс.

Аргентинецот нема да може да игра на натпреварите против Анже, Ним, Дижон и против Нант.

 

Се вчитува...