Чист пенал врз Пандев, судиите слепи – зошто е ВАР во Италија?

Горан Пандев можеше да биде херој на Џенова при враќањето во Рим, но македонскиот ас промаши убава шанса во 88. минута, а шест минути подоцна судиите не досудија очигледен пенал врз него што можеше да донесе израмнување на „Олимпико“.

Џенова тргна во контранапад и топката беше нафрлена кон Пандев, кој скокна за да шутира со глава, но во последен момент беше турнат од страна на Флоренци. Главниот судија остана нем и покажа играта да продолжи, но уште повеќе изненадува што во Италија има ВАР-технологија, но овие арбитри исто така не реагираа, иако од неколку различни агли беше очигледно дека станува збор за чист прекршок во шеснаесеникот, во ситуација кога дефанзивецот на Рома немаше шанси да стигне до топката, туку настојуваше само да го оневозможи противничкиот играч да ја смести во мрежата.

 

Се вчитува...