Човек за рекорди: Томас Милер го стигна легендарниот Герд Милер

Томас Милер постигна два гола во големата победа на гостувањето против Волфсбург, натпревар на кој германскиот репрезентативец стигна до уште еден рекорд. Имено, ова беше 427. бундеслигашки натпревар на Томас Милер во дресот на Баерн, со што овој фудбалер го стигна легендарниот Герд Милер израмнувајќи го неговиот рекорд за најмногу настапи во елитното германско фудбалско друштво.

Милер има импресивен скор на победи, од овие 427 натпревари има забележано дури 307 триумфи со Баерн во Бундес-лигата. Токму тоа е следниот рекорд што се очекува да го собори 33-годишниот Томас, пред кого на листата се наоѓаат само голманите Мануел Нојер со 322 и Оливер Кан со 310 победи во Бундес-лигата.

Милер стигна до два рекорди и на последниот куп-дуел против Мајнц што Баерн го доби со убедливи 0-4. Тоа беше 63. меч за Томас Милер во Купот на Германија, израмнувајќи го рекордот на легендарниот Сеп Мајер во ова натпреварување. Оваа 53. победа во Купот на Германија го направи Милер апсолутен рекордер во оваа категорија.

Се вчитува...