Чудотворецот Луис не мрда од Фламенго

Фелипе Луис официјално го продолжи договорот со легендарниот бразилски клуб Фламенго до 2027 година, ставајќи крај на дилемите за неговата иднина.

Луис го превзема клубот во 2024 година и го доби епитетот на чудотворец по петте освоени трофеи за краток период. Истите му донесоа и понуди од Европа, но тој ќе остане доследен до клубот кој му даде шанса во сениорскиот фудбал.

 

Се вчитува...