Чурлинов се врати на терен, Барнли се пласираше во 1/4 финалето на ФА Купот

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов по еден месец пауза поради мали здравствени проблеми се врати на терените, заигра за Барнли во ФА Купот, и неговиот тим се пласираше во 1/4 финалето на ФА Купот. Барнли на „мускули“ со еден гол го совлада третолигашот Флитвуд Таун благодарение на голот на Робертс во 90. минута од средбата.

Чурлинов првпат заигра за Барнли после 28. јануари, влезе во игра во 74. минута од средбата, што е позитивен знак и за селекторот Благоја Милевски пред мартовскиот собир на стартот од квалификациите за ЕП 2024.

Флитвуд играше и со играч помалку, но добро се држеше против членот на Чемпионшип кој до триумфот дојде по влегувањето на Чурлинов во игра.

Претходно се случи изненадување откако Гримзби го совлада Саутемптон на негов терен со 1-2, и го елиминираше од ФА Купот.

Се вчитува...