Чурлинов поради повреда неизвесен за Грузија и Бугарија

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Боби Милевски се соочува со големи проблеми пред двата меча од Лигата на нации против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември).

Здравствената состојба и формата на фудбалерите е проблем, а во текот на денешниот ден ќе се дознае дали Дарко Чурлинов ќе биде подготвен за овие два меча.

„Не случајно се наоѓаат 27 фудбалери. Имаме многу проблеми и непланирани работи што се однесува до здравствената состојба и формата на неколку играчи. Не сум задоволен од тоа, но што е тука и од таа причина повикани се толку фудбалери. Што се однесува до Дарко Чурлинов во текот на денешниот ден ќе има дополнителни прегледи и за него ќе знаеме до крајот на денот“, вели Милевски. 

Се вчитува...