Чурлинов: Сега, да ги „средиме главите“ и да го победиме Гибралтар!

Крилниот офанзивец Дарко Чурлинов не го криеше задоволството по синоќешниот пораз од Грузија (0-3) на арената „Тодор Проески“ во Скопје по кој Македонија само на теорија ги сведе своите шанси за првото место во Групата 4 од Лигата Ц на Лигата на нации.

Чурлинов вели дека поразот следел по грешките во одбраната, иако и нападот во првото полувреме не успеал да ги искористи своите можности за погодок.

„Направивме две-три грешки кои Грузија ги искористи. Ни останува уште еден натпревар овој месец на кој сакаме да победиме. Ни недостигаше завршницата пред нивниот гол, на вакви натпревари мора да се анализираме себеси подобро и да се концентрираме на следниот натпревар. Ни преостанува на нас сега дали ќе ги средиме главите и ќе излеземе на терен по три поени против Гибралтар“  – истакна Чурлинов.

Се вчитува...