Црн Дрим го освои Аеродром и стигна до првиот триумф во „елитата“

Новајлијата Црн Дрим успеаја да ја оствари првата победа во Првата македонска кошаркарска лига откако на гостински терен во „Јане Сандански“ славеше против МЗТ Скопје Уни Банка со 75-78.

Првото полувреме донесе динамично, брзо темпо во кое двата тима играа без притисок. Гостите од Струга подобро го отворија натпреварот па поведоа и со 8-18, меѓутоа веќе до крајот на првата четвртина избраниците на Боро Даскаловски успеаја да се вратат во игра благодарение на Исабел и Савичевиќ, а потоа и да поведат со  36-30 во 17. минута. Сепак крајот на првите 20 минути му припаднаа на Рејли Рос кој со 7 поени за 3 минути донесе блага предност за стружани на полувремето (38-40).

Добрата игра двата тима ја пренесоа и во второто полувреме, а и покрај тоа што се играше во серии, иницијативата беше во рацете на избраниците на Петар Чочороски, кои на шест минути до крајот на натпревар имаа и +11 (60-71). Младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка не се предаде, напротив одигра одлично во одбраната па 35 секунди пред крајот се врати на еден поен негатива (75-76). Во следниот напад поентираше Андреј Настовски и донесе три поени предност за својот тим, додека последниот обид на натпреварот го имаше Лука Савичевиќ промаши тежок обид за три поени за изедначување.

Со 22 поени, Лука Савичевиќ беше првото име кај домашниот состав, додека една асистенција го делеше Тремејн Исабел од дабл-дабл учинок надополнет со 12 поени и 10 скока. Кај гостите од Струга прв стрелец со 24 поени беше Рејли Рос, додека Андреј Настовски оствари дабл-дабл од 21 поен и 13 скока.

Се вчитува...