Да се биде или не: ТФТ и Гостивар на победа од пласман во плејофот

ТФТ или Гостивар? Кој ќе биде последниот патник во разигрувањето за титула во Првата кошаркарска лига ќе дознаеме денеска со почеток од 18 часот кога „црно-белите“ ќе ги пречекаат „сино-белите“ на „Кале“ во последното коло од Суперлигата.

Двата тима се наоѓаат на делба на четвртата позиција на табелата со скор од 17 победи и 14 порази па во 40. минути ќе биде одлучено кој од овие два тима ќе се сретне со МЗТ Скопје во полуфиналето.

ТФТ и Гостивар зад себе имаат турболентна сезона со повреди кои го променија текот на настаните, но успеаја да се најдат во позиција за пласман меѓу најдобрите четири тима. Меѓусебните дуели оваа сезона донесоа големи возбудувања во кои домаќините го одбранија домашниот терен, а дали ќе биде така и денеска останува да видиме.

Скопјани на крилјата на домашната публика остварија големи победи над фаворизираните МЗТ Скопје и Пелистер па со скор од 12 победи и само три порази влегуваат во натпреварот на сезоната, додека гостиварци кои имаат негативен биланс од 7 победи и 8 порази на гостувањата ќе мораат повторно да бидат на врвот на својата задача.

Очекувањата на двата тренери се тежок и неизвесен натпревар во кој ќе одлучуваат детали.

„Цела сезона, осум, девет месеци работа ни се сведуваат во еден натпревар, а тој натпревар е и причината поради кој сме засакале спорт. Многу емоција, притисок и колку и да сакам да го тргнам истиот од играчите, остварените резултати можеби неприродни го наметнуваат истиот. Обврска и одговорност е да дадеме се од себе и да ги оправдаме резултатите е да се најдеме во плеј-фот и тоа е нешто на кое се надеваме веќе некое време“, вели за ЕКИПА, Боро Смилковкси кој потоа додаде:

„Игравме промениво во Суперлигата и мислам дека тоа се должи на аквицизија од пред почетокто на истата и проблем со повреди. Не сме биле комплетрни во составот со кој јас сум сакал да настапам. Имаме проблеми и со еден од главните играчи, Џермејн Бишоп кој ќе биде неизвесен до самиот почеток на мечот. Домашиот терен ни носи мала предност, мојата екипа е екипа која добро реагира на атмосфера, но истата воедно носи и притисок кој ќе мораат да го надминат играчите. Ќе решаваат детали, можеби поединец кој ќе биде расположен. Тактични сме подготвени, го познаваме противникот игравме со нив пред четири недели и се што можеше да прилагодиме за овој натпревар го направивме тоа. Овие натпревари носат тврда и можеби неатрактивна кошарка, но верувам дека двете екипи се подготвени да дадат и многу повеќе од својот маскимум“


„Се надеваме на пласман во плејоф. Вистинска желба ни е да заиграме во првите четири. Сметам дека Гостивар живее за кошарката и нашата публика, играчи па и самиот јас заслужуваме шанса да се докажеме покрај сите потешкотии со кои се соочивме. Секако им посакувам многу среќа и на тимот предводен од Боро, тие се доста квалитетен клуб, го докажаа тоа со освојувањето на Купот. Ќе биде тешко но не и невозможно. Ќе одиме со голема верба во нас па нека победи подобриот. Во однос на мечот ја лично ја гледам предноста кај моите поискусни играчи, а натпреварот мислам дека ќе ја одлучи одбраната“, изјави за ЕКИПА Никола Димитриевски.

Фокусот на денешната средба ќе биде битката под обрачите и скокот за лимитирањето на лесните поени од втора шасна и поените во транзиција, но многу ќе значи и од расположеноста во реализацијата зад линијата 6,75. Интересно, двата тима имаат случни статистики параметри па јасно е дека не очекува возбудлив меч во кој победникот може да биде одлучен во самата завршница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...