Новак Ѓоковиќ по 39 последователни недели поминати на врвот на АТП листата овој понеделник го предаде тронот на 22-годишниот италијански тенисер Јаник Синер кој пак стана првиот Италијанец во историјата кој е рангиран на првото место.
Србинот во кариерата помина вкупно 428 недели на првото место, а многумина се сомневаат дека повторно ќе се врати на оваа позиција на 37-годишна возрст. Една од тие е и Кејси Делаква, поранешната тенисерка, а денеска коментаторка.
„Дали повторно ќе го видиме Новак на првото место на АТП листата? Јас искрено мислам дека нема. Мислам дека неговото време на првото место е ограничено. Но, тој и понатаму го држи тој рекорд. Ајде да бидеме објективни, не велам дека апсолутно не постои шанса да се врати на првото место, но тој помина 428 недели таму, а тоа е многу долго време. Тоа е неверојатен период од повеќе од осум години. Мислам дека и самиот тој не го посакува овој успех толку многу“, изјави Делаква.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА