Вардар го заврши оној смешен самоуништувачки бојкот и настап со (полу)младински состав на претходните два натпревари во првенството и во Купот, со кој најтрофејниот македонски клуб ги распродаде трофеите за оваа сезона.
Сега „вардарци“ го играат со најсилниот свој состав дуелот од 23. коло во ПМФЛ против Скопје на Автокоманда… Но, за разлика од претходните мечеви сега ја нема препознатливата „комитска песна“ која секогаш ги бодри црвено-црните фудбалери.
На стадионот во Автокоманда ги нема „Комитите“, а ги нема и околу стадионот на начин на кој во минатото сакале да искажат револт, или пак им бил забранет влез согласно правилото за гостински навивачи… Но секогаш биле присутни за своите фудбалери… Дали сега „Комитите“ го бојкотираат Вардар!?
По првите 30 минути од мечот, Скопје и Вардар играат без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА